Мозокот на ова амазонско племе поинаку старее (ВИДЕО)

Циманите се неверојатен експеримент во природата кога станува збор за потенцијално разорните последици од современиот живот врз нашето здравје, вели неврологот Андреј Иримиа од Универзитетот во Јужна Калифорнија.

1,747

Цимани е племе населено во боливијскиот дел од Амазон, а живее целосно поинаков живот од нашиот, па со тоа е и многу поздраво од нас.

Оваа племенска заедница сè уште живее на тој начин што обработува земја, лови, пече и бере плодови на истиот начин како што правеле и нивните претци пред да се модернизира светот во кој ние сега живееме.






За Циманите ваквиот начин на живот е многу корисен, а истото го докажува студија која е направена во 2017 година, според која, ова племе има најздраво срце на светот и со најниска стапка на срцеви болести.

Сега, пак, новото истражување докажа дека Циманите како што стареа, така имаат значително помала церебрална атрофија, односно нивниот мозок е многу поздрав и побавно се уништува отколку кај луѓето кои живеат во САД или во Европа, што повлекува мал ризик од когнитивни проблеми, функционален пад и деменција.

– Циманите се неверојатен експеримент во природата кога станува збор за потенцијално разорните последици од современиот живот врз нашето здравје. Овие откритија за мозокот се најверојатно резултат на истите животни фактори кои се поврзани со низок ризик од срцеви заболувања – изјави неврологот Андреј Иримиа од Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Иако добро познат факт е дека дебелината, која е честа појава во современите животи, доведува до намалување на обемот на мозокот, постојат и други фактори кои влијаат врз мозочната атрофија. На пример, традиционалниот животен стил на Циманите, односно недостатокот на модерно здравство и нега ги прави повеќе изложни на заразни болести и воспаленија.

Со оглед на тоа дека системските воспаленија доведуваат до артрофија на мозокот, се поставува прашањето, дали Циманите имаат повисоко ниво на мозочна артрофија или, пак, помал ризик поради силното кардиоваскуларно здравје, кое е последица на диетата и физички активниот живот.

Новата студија даде одговор на ова прашање, кардиоваскуларното здравје е поважно за мозокот отколку воспаленијата кои можат да се случат поради заразни болести.

Во студијата учествувале Цимани на возраст од 40 до 94 години на кои им бил скениран мозокот за да се пресмета неговиот волумен. Скенирањата поради кои учесниците во студијата мораа да одат до најблискиот град, кој е оддалечен на два дена возење, покажале дека во просек кај овие племиња, со стареењето мозокот побавно се смалува отколку кај луѓето во Европа и во САД.

– Нашиот начин на живот и диетата богата со шеќери и масти се чини дека го забрзува губењето на мозочното ткиво со текот на годините и нè прават поподложни на болести како Алцхајмеровата болест – изјави авторот на студијата Антропологот Хилард Каплан од Универзитетот Чепмен, кој проучува Цимани цели 20 години.

Поврзани содржини