МОЗОКОТ МОЖЕ ДА КОМУНИЦИРА СО ЦЕЛИОТ УНИВЕРЗУМ Нова студија објаснува зошто свеста е квантен феномен
Нобеловецот Роџер Пенроуз смета дека при секое вакво нарушување на бранот низ мозочните тубули добиваме искуство на свест. Но, ако самата свет е бран, тоа значи дека таа не е ограничена на нашиот мозок – и тука доаѓа идејата за комуникација на мозокот со целиот универзум. Група научници од колеџот Велсли во Масучетс ја потврдија оваа теорија.
Нашата свест може да се поврзе со целиот универзум, сугерираат револуционерно ново истражување направено врз стаорци, пишува ПопуларнаМеханика. Овa најново откритие објавено во списанието eNeuro во август 2024 година потврдува една стара студија за „архитектурата“ на нашата свест.
Научниците од колеџот Велсли во Масачусетс им дале специјален тип анестезија на стаорците за да откријат дали ситните структури на мозокот се одговорни за тоа како ја искусуваме нашата свест. Испаднало дека овие микроскропски стурктури, налик на шупливи цевки, наречени „микротубули“ не функционираат по законите на класичната физика – туку на чудните закони на квантната физика.
Доказот се лекарствата кои ги добила едната група на стаорци. Тие успеале подолго да ја задржат свеста и покрај јакиот анестетик, а причина за тоа е молекуларниот процес од лекарството во нивниот мозок.
Научниците сега велат дека во нашиот мозок се случуваат „квантни операции“. Тие потврдуваат идеја која постои веќе три децении, а прв ја постулираше познатиот нобеловец Рочер Пенроуз. Идејата е дека квантниот свет е местото од каде, воопшто, потекнува свеста.
Пенроуз и анестезиологот Стјуарт Хамероф тоа го претпоставија во научна студија во 1966 година. Идејата е дека свеста е квантен бран кој патува низ мозочните микротубули и притоа се слуува нешто што Пенроуз го нарече „објективно намалување“.
Накратко, квантните честички постојат како бран на можности, кој, кога ќе дојде во допир со мерен инструмент на пример, веќе не е бран туку конкретна честичка. Физичарите велат, полето „колабира“.
Пенроуз смета дека при секое вакво нарушување на бранот низ мозочните тубули добиваме искуство на свест. Но, ако самата свет е бран, тоа значи дека таа не е ограничена на нашиот мозок – и тука доаѓа идејата за комуникација на мозокот со целиот универзум.
Една студија од август 2024 година во списанието „Physics Review E“ предлага дека масниот материјал наречен миелин, кој го обвива аксонот на мозочните клетки, обезбедува идеална средина за низ мозокот да има проток на квантното поле.
Квантните феномени не се новост во природата. На пример, познато е дека при процесот на фотосинтеза растенија успешно манипулираат фотони во честички наречени ексцитони транспортирајќи ги до хлоропластите на растението за да започнат со фотосинтеза.
Притоа, кај фотоните се случува процес наречен квантно заплеткување. Тоа значи дека две честички, на кое било растојание, може да имаат исти карактеристики, како спин или моментум.
Научниците често го користат овој аргумент со фотосинтезата за да објаснат дека за да има квантно поле не се потребни температури од апсолутна нула, на пример, како што денеска функционираат квантните компјутери, туку дека квантно поле може да се јави и кај живите организми на многу повисоки температури.