Мозиците во Аја Софија ќе бидат покриени со ласер за време на молитвите

1,231

Мозаиците во Аја Софија ќе бидат покриени со завеси или со ласер додека трае молитвата, најави портпаролот на владеачката Партија на првдата и развојот, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган музејот го претвори во џамија, пренесува хрватски Индекс.

– Христијанските икони ќе бидат открени и отворени за сите посетители целото останато време, а влезот ќе биде бесплатен, изјави Омар Челик.






Засега не е јасно како со ласери ќе се покриваат мозиците.

Претседателот Ердоган во петокот ја прогласи за отворена Аја Софија за ислмска богослужба, откако судот одлучи дека претворањето на византиската црква во музеј во 1934 година било незаконско.

Поврзани содржини