Можно ново жариште на ковид-19 е Тетово, утре увид ќе врши и инфектолог
Но, нема нешто што е ризик којшто е непредвидлив засега, имајќи предвид дека и во Тетово голем дел од новозаболените беа од познати заболени - појасни Филипче.
Наредно место во кое имаме одреден ризик е Тетово и околината.Тоа го имавме во вид и утринава го дискутиравме на состанокот, а утре таму ќе оди на дополнителен увид и специјалист инфектолог. Но, нема нешто што е ризик којшто е непредвидлив засега, имајќи предвид дека и во Тетово голем дел од новозаболените беа од познати заболени – изјави денеска министрот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање се очекуваат ли нови жаришта на ковид-19 и кои општини се најризични.