МОЖНО ЛИ Е ВЛАСТА ДА ПРИФАТИЛА ШТЕТЕН ДОГОВОР ЗА МАКЕДОНИЈА? Николоски е загрижен од молкот во Владата

Морам да признаам дека она што ме загрижува во овие разговори е што бројни соговорници прашуваат како е возможно македонската Влада да прифатила предлог кој што е крајно штетен за Македонија, порача Николоски од Стразбур.

349

Во рамки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа остварив бројни средби на кои што разговарам за позициите на Македонија. Но исто така и предупредувам на обидите на Бугарија за негирање на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската самобитност преку злоупотреба на нејзината позиција како земја членка на ЕУ и користејќи го правото на вето, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Морам да признаам дека она што ме загрижува во овие разговори е што бројни соговорници прашуваат како е возможно македонската Влада да прифатила предлог кој што е крајно штетен за Македонија. Што е најдобар доказ дека Владата на СДСМ и ДУИ, Владата на Ковачевски дала согласност за последниот предлог кој што директно ја негира засебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик и ја брише историјата и практично значи бугаризација на Македонија – вели Николоски.






Тој констатира дека согласно „францускиот предлог“, Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ и нема да стане членка на ЕУ, сe додека целосно не се бугаризира.

– Доколку тоа не се случи Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ.  Презентирањето на еден ваков предлог од страна на многу сериозна држава како Франција не може да помине без знаење и согласност и од Владата на Бугарија и од Владата на Македонија. И затоа исклучително многу загрижува молкот на Владата на СДСМ и ДУИ по однос на последниот предлог што само го потврдува она што го слушнав деновиве во Стразбур, а тоа е дека Владата за жал дала согласност на овој предлог – вели Николоски, кој ја повика Владата јавно да го каже својот став околу предлогот.

Тој воедно посочи и дека власта треба веднаш да го отфрли т.н. „француски предлог“, потсетувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи.

Поврзани содржини