МОЖНО ЛИ Е ЕРДОГАН ДА УСПЕЕ ВО НЕВОЗМОЖНОТО? Турција работи на помирувањето на Русија и на Украина

Мировен договор е можен. Сега се поставува прашањето кога и како тоа ќе се постигне, изјави портпаролот на турскиот претседател.

618

Турција е убедена дека Москва и Киев можат да постигнат мировен договор, и приоритетна задача на Анкара е да организира средба меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин, изјави Ибрахим Калин портпарол на турскиот претседател.

– Мировен договор е можен. Сега се поставува прашањето кога и како тоа ќе се постигне – изјави Калин во интервју за Ал Џезира.






– Една од клучните задачи што Турција си ги постави е да организира средба меѓу Путин и Зеленски – додаде Калин.

Според него отворени се канали за комуникација од двете страни.

– Тоа е многу важно и нашите напори се насочени кон организирање директна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател.

Поврзани содржини