МОЖНО Е ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ? Филков бара резултати од Јавното обвинителство за да добие поголем буџет

Нормално е да се бара зголемување, но доколку тоа биде оправдано, што значи треба да оди пропорционално и со резултатите од Јавното обвинителство, рече денеска министерот за правда Игор Филков. 

723

Средствата се хроничен проблем секаде, не само во Јавното обвинителство, и во Министерството за правда се, и нормално е да се бара зголемување, но „доколку тоа биде оправдано, што значи треба да оди пропорционално и со резултатите од Јавното обвинителство“, рече денеска министерот за правда Игор Филков.

Тој одговараше на новинарско прашање дали со ребаланост на Буџетот ќе има зголемување на средствата за истражителите во Јавните обвинителства, со оглед дека опременоста на ЈО е суштината на ефикасноста на борбата со криминалот и со корупцијата, како и дека од ЈО повеќе пати бараат поголем буџет и повеќе стручни луѓе.






– Како дел од Реформската агенда и дел од акцискиот план бараме зголемување, односно враќање на коефициентите на платите, што сметам дека во овој момент е навистина доволно – изјави Филков.

Тој рече дека предлог законот за Судски совет ги измени и уреди деловите кои се покажаа како клучни за враќање на довербата на граѓаните во правосудството и ги повика пратениците да ја препознаат итноста и важноста од носење на овој закон.

Судскиот совет, според Филков, е потребно да биде транспарентен и отчетен во својата работа. Во законот, додаде, се креирани се критериуми за избор и оценување, како и механизам за одговорност на членовите на Судскиот совет и на судиите.

Имајќи ги предвид случувањата во Судскиот совет кои предизвикаа бурни реакции во јавноста, Филков нагласи дека можеби е добар момент токму овие законски измени да бидат земени во предвид при дефинирањето на кандидатите кои ги предлага Претседателот, а ги избира Собранието, алудирајќи на фактот дека на 9 јули завшува мандатот на еден од актуелните членови на Судскиот совет, кој е избран на предлог на претедателот на државата.

– Ова е нешто што е веќе разговарано и со почитуваната претседателка Гордана Сиљановска Давкова – изјави Филков.

Министерството за правда го испрати новиот предлог-закон за Судски совет во владина процедура. Законот, додаде министерот, е изготвен преку инклуизивен и транспарентен процес, преку јавни дебати, експертски консултации и активно вклучување на сите релевантни чинители.

– Посебна потврда за ова е и позитивното мислење добиено од Венецијанската комисија. Не се работи за декларативен пристап, туку за суштинска промена насочена кон градење транспарентен, отчетен и професионален Судски совет – порача Филков.

Прашан за став околу предлогот Собранието да има посебна полиција или обезбедување, Филков рече дека треба да ги види предлозите по што ќе може да изнесе став. Додаде дека за тоа веќе имаат договорено состанок со претседателот на Собранието, Африм Гаши, кон крајот на неделава.

Во врска со реакцијата од Блупринт групата за изборот на Андреја Весов за член на програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители и дали ги исполнува условите, Филков рече „во моментов предлогот ќе го видиме, но јас сметам дека има подобрување во предлозите“.

– Како и досега сите забелешки од Блупринт групата ни се особено важни, затоа тие во моментов се вклучени и придонесуваат во 8 од 10 работни групи. Во однос на нивната забелешка, колегата Весов е на позиција и доаѓа како посебен раководител со повеќе од 10 годишно искуство како адвокат, со положен правосуден испит, за разлика од претходната личност што беше делегирана од истата позиција од Министерство за правда – рече Филков.

ИНТИТУЦИИТЕ НЕМА ДА РАБОТАТ ЗА ПРИВИЛЕГИРАНИТЕ Реформите во правосудствто не останаа на хартија, оцени Филков

Поврзани содржини