МОЖНО Е ФЕР РЕШЕНИЕ, НО ТОА ЗАВИСИ ОД БУГАРИЈА Маричиќ вели дека се преговара за сеопфатен договор

Министерот за евроинтеграции вели дека не е дефинирано дали договорениот документ со Бугарија ќе биде дел од преговарачката рамка, но во секој случај таа рамка ќе содржи елементи од договореното со Бугарија.

249

Интензивно се разговара со бугарската страна во рамки на декларацијата на Собранието и нашите црвени линии и интереси, а дали ќе се постигне договор тоа сега зависи од Бугарија, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Можно е фер решение. Сметаме дека најдобро е процесот да се заокружи со сеопфатен документ, кој што јасно ќе ги утврди обврските и на наша, но и на бугарска страна. Секако сме разговарале за тоа и досега, се останато е на неодреден терен. Формата е помалку важна, важна е содржината кои чекори да се направат и тие да водат кон тргање на ветото, па да имаме попријателска агенда. Ние ги водиме разговорите на таа основа. После настанот во Битола има одреден застој, но комуникацијата не е прекината – рече Маричиќ во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.






Тој додаде дека не е дефинирано дали договорениот документ со Бугарија ќе биде дел од преговарачката рамка, но во секој случај таа рамка ќе содржи елементи од договореното со Бугарија.

– Ние сме должни да бидеме оптимисти за почетокот на преговорите, но тоа не значи дека по секоја цена ќе постигнеме договор – рече Маричиќ и нагласи дека јазикот и идентитетот не се дел од преговорите.

За идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за „европска политичка заедница“, Маричиќ смета дека таа не се однесува на земјите од Западен Балкан, за кои во два наврати е потврдена европската перспектива – на самитите во Солун во 2003-та и на последниот во Брдо кај Крањ

 

Поврзани содржини