Можно е два вируси на човечки грип да исчезнаа поради пандемијата

Здравствените експерти не забележале два вида на вируси на грип веќе една година, односно ниту еден случај на овие вируси не е регистриран никаде во светот, објави „СТАТ“.

1,067

За време на пандемијата со ковид-19, имало толку малку пренос на грипови што некои видови на вирус на грип можеби исчезнале, велат научниците.

Имено, во последната година, бројот на заболени од грип падна на историски ниски вредности, што експертите ги припишуваат на носењето маски и други мерки на претпазливост во борбата против ширењето на коронавирусот.






Здравствените експерти не забележале два вида на вируси на грип веќе една година, односно ниту еден случај на овие вируси не е регистриран никаде во светот, објави „СТАТ“. Експертите сè уште не знаат дали овие видови изумреле, и ако е така, на здравствените работници ќе им биде полесно да изберат видови на грип против кои ќе се работат сезонските вакцини.

Кои вируси на грип исчезнаа?

Вирусите на инфлуенца се класифицираат во две групи – грип А и грип Б. Вирусите на инфлуенца А се поделени во „подвидови“ засновани на нивните два протеини. Во моментов, два вируси на грип А циркулираат меѓу популацијата – „H1N1“ и „H3N2“, и секој од нив е дополнително расчленет на дополнителни подгрупи. Од друга страна, вирусите на грип Б немаат свои подвидови, но се поделени во две лози познати како„ Б/Јамагата“ и „Б/Викторија“.

Од март 2020 година, научниците не регистрираа ниту една подгрупа на „H3N2“, позната како „3c3“, а истото важи и за лозата „Б/Јамагата“, според „СТАТ“.

– Мислам дека има големи шанси оваа подгрупа на „H3N2“ да исчезне – рече компјутерскиот биолог Тревор Бедфорд од Центарот за истражување на рак „Фред Хачинсон“ во Сиетл.

Добри вести

Намалената разновидност на вирусот на грип е добра вест за нас. Научниците работат на вакцини против сезонски грип секоја година со месеци пред сезоната на грип всушност да започне со анализа на тоа кои соеви циркулираат низ целиот свет. Помал број на различни вируси на инфлуенца значи помала разновидност на вируси во циркулацијата и поголема шанса соединенијата во вакцините да одговараат на оние што циркулираат.

Вирусите „H3N2“ се особено разновидна група и пред пандемијата се чинеше дека стануваат генетски сè поразновидни, пишува „Live Science“.

– Падот на различноста за овој подвид би било одлична работа – рече Ричард Веби, директор на Центарот на Светската здравствена организација (СЗО) за студии на грип кај животни и птици.

Но, Веби верува дека овие вируси на грип сè уште постојат, иако ги нема во официјалните бази на податоци.

– Без сомнение, ова дефинитивно ќе ја промени ситуацијата во однос на разновидноста на вирусот на грип. До кој степен работите ќе се менуваат и колку долго, не знаеме. Но, никогаш порано не сме го виделе тоа – рече Веби.

Поврзани содржини