МОЖНО Е ДА ВИДИМЕ СОНЦЕ ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ Нѐ очекуваат невообичаено високи температури следниве денови
Овој топол зимски бран ќе го зафати целиот Балкан, со температури дури до 20 степени, заедно со посуво и постабилно време.
Денеска претпладне времето е облачно со повремен локален дожд, а попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, облачно, претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 8, а максималните дневни од 6 до 13 Целзиусови степени.
Според прогнозата на УХМР, утре времето ќе биде слично, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 2°C до 8°C, а максималните дневни од 9°C до 15°C
Од понеделник се очекува утринските температури да бидат пониски, до -2 степени, со засилен ветер, особено во попладневните часови.
Температури за 10 и повеќе степени повисоки од просечните за месец декември, за следната недела предвидува македонскиот метеопрогнозер Славчо Попоски. Овој топол зимски бран ќе го зафати целиот Балкан, со температури дури до 20 степени, заедно со посуво и постабилно време.
Целата прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот ЛИНК.