МОЖНО Е ДА СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР Прво стабилизација, па раст на примањата, најавува Јовески
Владата се обидува да направи стаблизација на платите во образованието, здравството, полицијата, а потоа да се пристапи кон системско решение, законско решение, кое ќе значи уредување на прашањето на платите од страна на Владата, социјалните партнери и синдикатите. Да биде обезбедена достоинствена плата за достоинствена работа, вели Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика на премиерот Христијан Мицкоски.
Владата сака да направи сè, за да се стабилизира целиот систем на плати, а потоа и да се пристапи кон системско решение со кое ќе се обезбеди достоинствена плата за достоинствена работа, вели Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика на премиерот Христијан Мицкоски.
– Оваа влада сака да ја стави под контрола висината на платите во јавниот сектор. Се случува да има институции каде административните службеници во одредено министерство земаат една плата, а одредени даватели на услуги или друг тип на извршители кои што имаат други работни задачи земаат двократно, трократно повисоки плати. Сето тоа доведе до една какафонија во однос на платите, до една нелојална конференција, до незадоволство кај вработените, едни земаат, други не земаат, едни склучиле колективен договор веднаш, другите реагираат зошто и ние да не склучиме, па зошто се тие привилегирани и слично, и сето тоа создаваше еден домино ефект на незадоволство и паѓање во продуктивноста во јавниот сектор – рече Јовевски, во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“.
Она што сега се случува е да се стабилизира целиот систем на плати во државата, додаде тој.
– Она што Владата со социјалните партнери, односно со синдикатите се обидува да го направи е да оние гранки од јавниот сектор како што е образованието, здравството, полицијата да дојде до стабилизација на платите, а потоа да се пристапи кон системско решение, законско решение, кое ќе значи уредување на прашањето на платите од страна на Владата, социјалните партнери, синдикатите. Да биде обезбедена достоинствена плата за достоинствена работа – рече тој.
Математиката за зголемување на пензиите е неприкосновена, додаде тој.
– Математиките, економските параметри покажаа дека во суштина зголемување на платите е можно, линеарно како што се случи на две рати со пензиите, во рамки на една или помалку од една година. Кога ќе ги видите бројките, кога ќе видите дека има одредени средства кои што можат да се вложат во рамки на покачување на стандардот и достоинството на пензионерите, мислам дека немаше друг заклучок освен тоа дека треба да се пристапи кон зголемување на пензиите – рече Јовески.
Тој порача дека покачувањето на пензиите е добар чекор, а доказ за тоа е што 90% па и повеќе од населението со радост го прифатија и дека тоа влијае на стабилизација на стандардот и на достоинствениот живот на граѓаните.