МОЖНО Е ДА СЕ НАМАЛИ ДДВ-ТО ЗА НЕКОИ СЕЗОНСКИ ПРОИЗВОДИ Мицкоски вели дека состојбата со цените на храната дневно се следи

Премиерот потенцира дека Владата веќе испратила порака до трговците да не ги зголемуваат маржите, туку да ги намалуваат, со цел да се зголеми обемот на продажба и тоа засега се почитува.

42

Владата размислува за мерки за стабилизирање на цените на храната, вклучително и можноста данокот на додадена вредност да се намали од 5 на 0% за одредени сезонски производи, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека дневно се следат цените на одредени сезонски производи и во зависност од тоа како ќе се движат ќе се реагира.

-Мерките кои евентуално би ги презеле се за сезонските производи, кои веќе двојно ја намалија цената за една недела. Во зависност како ќе се движат, така ќе реагираме. Ние go имаме на располагање ДДВ-то, затоа што маржата што ја имаат сега трговсите и дистрибутерите според нас е под 15, а според нив е под 10 % -рече Мицкоски.

Тој потенцира дека Владата веќе испратила порака до трговците да не ги зголемуваат маржите, туку да ги намалуваат, со цел да се зголеми обемот на продажба и тоа засега се почитува.

-Предупредивме дека не смеат да ги зголемуваат маржите. Волуменот ќе им се зголеми ако цените се пониски – рече Мицкоски.

Тој додаде дека кризната состојба е продолжена и оцени дека државата се справува „убедливо најдобро во регионот“, посочувајќи дека мерките со намалување на ДДВ, кои претходно биле критикувани, сега се препорачуваат и на европско ниво.

Поврзани содржини