МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ И ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ Славчо Попоски најавува и мокар снег, еве кога

Попоски апелира на крајна претпазливост поради ветровите кои можат да дувааат и со 80 километри на час од југ и југозапад.

992

Поројни дождови со грмотевици, па дури и излевање на реките и езерата е можно од самиот крај на оваа и почетокот на следната недела, предвидува познатиот метеопрогнозер Славчо Попоски. Тој апелира на крајна претпазливост поради ветровите кои можат да дувааат и со 80 километри на час од југ и југозапад.

За викендот може да се појави снег на планините со покривка и до 40 сантиметри. Во градовите од западниот дел на земјата пак, може да се појави мокар снег. Истовремено, температурите ќе се намалуваат со што ќе го достигнат просекот за овој период од годината, прогнозира Попоски.

Поврзани содржини