МОЖНИ СЕ НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ Филипче вели дека веќе нема да има толеранција

Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму, рече министерот за здравство Венко Филипче.

1,722

Комисијата за заразни болести утре ќе има состанок на кој ќе бидат разгледани нови мерки за спречување на ковид-заразата и ќе се однесуваат на невакцинираните.

Министерот за здравство Венко Филипче во Дневникот на ТВ Канал 5 вечерва изјави дека по состанокот ќе достават конкретни предлози до Владата. Новите рестрикции ќе се однесуваат на невакцинираните, бидејќи, како што рече, тие најмногу ги оптоваруваат болниците.






– Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравствениот систем – изјави Филипче.

Тој посочи дека во изминатите денови комуницирале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои земји во Европа.

Филипче потсети и дека од вчера е во сила мерката при влез во објекти и на настани граѓаните да приложат сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Досега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина.

Поврзани содржини