„МОЖЕТЕ ДА СЕ ПОТПРЕТЕ НА НАС!“ Мицкоски од Охрид им се обрати на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите…

Ајде да се обединиме и да ги направиме горди, да кажат нашите родители беа генерацијата која ги запре поделбите по партиска основа и ги мобилизираше сите во функција на развојот на државата… ви ветувам можете да се потпрете на нас. Гледате каква е ситуација и што се случува. Знам дека и вие се срамите од ова што се случува. Има многу од вас, дури и чесни функционери кои ми пристапуваат, и секогаш кај мене ќе имате отворена врата. . . ќе чекориме напред заедно. Ви го ветувам тоа, порача Мицкоски од Градскиот плоштад во Охрид.

396

Народот доаѓа по Македонија за да си ја врати во свои раце, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид, кој го нарече градот на славна историја „од св. Климент и Наум до Самоил, од Глигор Прличев до Петре Пирузе Мајски…“. Тој рече дека „идејата не можат да ја уништат, а нашата идеја е Македонија“.

Лидерот на најголемата опозициска партија им се обрати на сите Македонци, на Албанците, Турците, Србите, Бошњаците, Ромите, Власите… но и на членовите на СДСМ и ги повика да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и да бидат сигурни дека оваа партија нема да ги изневери.






– Им се обраќам на сите Македонци гласајте за нас нема да ве изневериме. До Албанците, гласајте за нас, ќе живеете подобро од сега, ќе работиме заедно за соживот и развој на државата. Им се обраќам до Турците, секогаш сте ја поддржувале независна и самостојна Македонија, и со нас сте биле во сите наши победи и порази овие 30 години, и сега можеме заедно ќе направиме повеќе – говореше тој и продолжи:

– До Ромите, заедно да се бориме против сиромаштијата, да стекнеме нови победи и успеси за нашата иднина. Сакам да се обратам до Србите во Македонија, споделуваме заеднички грижи и се бориме за заеднички вредности. Македонија е наша заедничка земја и вие сте ни потребни во оваа наша борба – рече Мицкоски и продолжи:

– До Власите – секогаш заедно со нас сте ги воделе сите битки, така е и овој пат. И ќе победиме. Ќе победимеее. До Бошњаците – мораме да изградиме општество на здрави темели, подаваме рака, и вие тоа го прифаќате. Дојдете со нас, за да имаме заедничка иднина.И до сите останати. До христијаните, муслиманите, Евреите, бидете со нас, ние ќе ви бидеме вашата потпора и грб, и со нас ќе ви биде подобро, ќе има работа, ќе има реформи и подобар живот – подвлече Мицкоски и додаде:

– Сакам да им се обратам на членовите на СДСМ… Знам дека постојат разлики меѓу нас, дека имате дилеми, дека можеби имате и стравувања, јас ве охрабрувам, сите сме граѓани на ова земја, и нема влакно да ви фали, ќе работиме заедно со вас ќе ги искористиме сите потенцијали на ова држава за да живееме подобро, затоа што се отселуваат и ваши и наши пријатели и роднини, затоа што и наши и ваши деца се разочаруваат од државава. Ајде да се обединиме и да ги направиме горди, да кажат нашите родители беа генерацијата која ги запре поделбите по партиска основа и ги мобилизираше сите во функција на развојот на државата… ви ветувам можете да се потпрете на нас. Гледате каква е ситуација и што се случува. Знам дека и вие се срамите од ова што се случува. Има многу од вас, дури и чесни функционери кои ми пристапуваат, и секогаш кај мене ќе имате отворена врата. . . ќе чекориме напред заедно. Ви го ветувам тоа – порача Мицкоски од Градскиот плоштад во Охрид.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека следува жесток одговор од народот на овие избори кон Артановци и Зечевиќи, им се ближи крајот.

– Ни говори Ковачевски дека имал успеси и дека се било добро и дека седеле една тивка ноќ со Стево сами и се договарале, па дури и Заев го видовме им дојде на помош со спотови. Но добро е што се заедно затоа што така со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот. Ветуваа живот за сите, но за жал во Македонија паметите, добивме уживање за Артановци и Зечевиќи во Македонија, а живот за сите други на раб на егзистенција тука или надвор од земјава – порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот.

Мицкоски пред граѓаните обзнани едно сценарио, кое според него е „завера која ја подготвува актуелната власт и со која си се лажат себе си дека ќе им успее“.

– А, тоа е, ќе имале СДСМ 28 пратеници, а албанските партии ќе добиеле 33 заедно и ќе правеле влада заедно, замислете каква багра е тоа, и како размислува за иднината на Македонија. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји, нема откажување од фотелјите треба да им е слоганот. Дури и им ветувале на ДУИ дека наместо како до сега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти, а ДУИ и останатите партии да преземат сè до 70 проценти – појасни Мицкоски.

 

 

Поврзани содржини