МОЖЕМЕ ЛИ ВО ЦЕЛОСТ ДА ЈА ИСКОРЕНИМЕ КОРОНАТА? Ќе биде потешко од сипаниците, a полесно од детската парализа

Сите јавно да ги прифатат мерките и владите од целиот свет ефикасно да трошат се некои од најважните услови кои ги разгледува студијата. Антиваксерството, или „антинаучната агресија“ како што ја нарекуваат авторите, заедно со национализмот можат да бидат голема пречка во спасувањето на човештвото.

3,392

Светот полесно ќе ја искорени короната одошто детската парализа, но потешко од болест каква што се сипаниците, вели нова студија објавена во британскиот весник Глобал Хелт. Студијата која разгледува 17 фактори за целосно да ја надминеме пандемијата, предлага дека ќе ни требаат многу политичка волја, пари, но и меѓусебно разбирање за да се избавиме, пишува IFL Science.

Сите јавно да ги прифатат мерките и владите ефикасно да трошат се некои од најважните услови кои ги разгледува студијата за „трајно намалување на нула на глобалната инциденца на инфекција предизвикана од специфичен агенс како резултат на намерни напори“.






А, кои болести слични на корона досега се целосно искоренети во човештвото? Големите сипаници и две од трите верзии на полиовирусот се успешна приказна од овој тип. Но, истражувачите короната најмногу ја споредуваат со малите сипаници и со детската парализа кои уште роварат по планетата.

Според нив, да се ослободиме од корона ќе биде потешко отколку од сипаниците, но ќе биде полесно од тоа да се ослободиме од детската парализа. Во нивната скала, сипаниците добиваат просечна вредност од 2,7 додека ковид-19 е на 1,6. Полио е на скала од 1,5.

„Иако нашата анализа е прелиминарен напор со различни субјективни компоненти, се чини дека ја става искоренливоста на ковид-19 во сферите на можноста, особено во смисла на техничка изводливост“, пишуваат авторите во студијата.

Ќе спречиме ли милиони луѓе да се заразат со корона? Антиваксерството, или „антинаучната агресија“ како што ја нарекуваат авторите, заедно со национализмот можат да бидат голема пречка во спасувањето на човештвото.

Поврзани содржини