Можеме ли да се заразиме на отворено и кога се шансите најголеми?

Професфорката Кет Ноукс, експерт за инфекции од Универзитетот во Лидз, вели дека некој треба да се искашла во моментот кога вие вдишувате, па тогаш да се случи заразувањето.

15,046

Во многу земји се забранети собири на повеќе луѓе поради пандемијата со ковид-19, особено ако собирите се случуваат во затворени простории.

На отворено е дозволено собирање во мали групи, објави Би-Би-Си.






– Јасни се доказите дека многу е побезбедно да се биде на отворено отколку во затвона просторија – вели професор Крис Вити, главен медицински научник во Велика Британија.

Тогаш, колку е ризично да се прошета со пријатели или да се сретне некој кој џогира? Во продолжение ќе ви пренесеме неколку важни работи што треба секој да ги знае.

Зошто надвор е посигурно?

Научниците велат дека инфекцијата се пренесува и на отворено, но дека шансите се многу помали. Свежиот воздух го брка и го разредува вирусот, а исто така помага и во испарувањето на капките во кои тој се наоѓа.

На крајот, ултравиолетовото зрачење на Сонцето го убива секој вирус кој се наоѓа на отворено.

Колку сте блиску еден до друг?

Ако некој е заразен, дури и да не знае дека е заразен, постои шанса да го пренесе вирусот преку дишењето, а особено ако кашла.

На тој начин голем дел од капките коишто го содржат вирусот ќе паднат на земја, но доколку не држите дистанца од најмалку два метра, тие можат да дојдат до вашите очи, носот или устата.

Токму затоа научниците советуваат да се избегнува контакт тет-а-тет.

Колку долго сте заедно?

Ако сретнете некој на улица или за време на џогирањето, тоа значи дека само неколку секунди ќе поминете заедно. Па така, многу мали се шансите вирусот да стигне до вас.

Професфорката Кет Ноукс, експерт за инфекции од Универзитетот во Лидз, вели дека некој треба да се искашла во моментот кога вие вдишувате, па тогаш да се случи заразувањето.

Но, таа предупредува дека пријателите кои поминуваат подолго време заедно на отворено не треба да си претпоставуваат дека се потполно безбедни.

Можам ли да се заразам од клупите во паркот?

Ако еден заразен човек се искашла во својата рака, а потоа со таа рака допре некоја површина, тогаш вирусот може да остане на таа површина и со часови.

Истражувачите од Америка го пронашле вирусот на рачките од кантите за ѓубре, како ина тастерите на пешачките премини.

Тие сметаат дека ова би можело да доведе до инфекција во тој регион, иако е релативно малку веројатно во споредба со другите начини на ширење на вирусот.

Кога времето е студено, тогаш вирусот може подолго да остане на отворено – многу повеќе се задржува на ниски температури.

Каде е ризикот најголем?

Сите докази покажуваат дека заразата со ковид-19 најмногу се шири во затворен простор.

Вирусот се пренесува меѓу луѓето, особено кога подолго време се заедно во една иста просторија.

Тоа значи дека заразата се шири на неколку различни начини, а ако просторијата е преполна со луѓе, тогаш ситните честички „пливаат“ во воздухот и ние ги вдишуваме.

Па така, најмногу ризик за зараза има во просторија која не е проветрена и во којашто има повеќе луѓе.

Поврзани содржини