МОЖЕБИ СЀ УШТЕ СУМ ВО БРАК СО ВИНОНА Кијану Ривс открива дека венчавката во „Дракула“ била вистинска
Не ѝ верував баш, но потоа Френсис Форд Копола, директорот на „Дракула“, јавно рече: „Да, навистина се случи, свештеникот ја изврши вистинската церемонија“… Значи, изгледа дека се оженив со Винона, вели Кијану.
Американскиот глумец Кијану Ривс (57) во интервју за „Есквајер“ (Esquire) откри дека, можеби сѐ уште е во брак со глумицата Винона Рајдер. Барем во Романија…
– Ја изведовме целата свадбена свеченост – со вистински свештеник. Винона вели дека сме во брак. И Френсис Форд Копола вели дека е така. Па, претпоставувам дека сме венчани пред Бога – изјави Ривс.
Пред неколку години, актерката ги изненади обожавателите кога изјави дека таа и Ривс можеби случајно се венчале додека го снимале филмот „Дракула“ од 1992 година, во режија на Френсис Форд Копола.
– Навистина се венчавме во „Дракула“. Не… Се колнам во Бога, мислам дека вистински се венчавме во животот. Во таа сцена, Френсис користеше вистински свештеник, Романец. Така, мислам дека сме в брак – изјави Винона Рајдер за „Ентертејнмент викли“ (Entertainment Weekly) во август 2018 година.
Повремено потоа, раскажува „сопругот“, таа му велела: Здраво, мажу.
– Не ѝ верував баш, но потоа Френсис Форд Копола, директорот на „Дракула“, јавно рече: „Да, навистина се случи, свештеникот ја изврши вистинската церемонија“… Значи, изгледа дека се оженив со Винона – вели Кијану.
Копола ги потврди наводите дека „свештеникот извршил прилично автентична венчавка“.
– Значи, на некој начин, кога го завршивме снимањето, сфативме дека Кијану и Винона навистина се венчаа на снимањето на оваа сцена – рече режисерот во август 2018 година.