МОЖЕБИ ПОВТОРНО ВИНОВЕН Е КАБЕЛОТ, А НЕ ВЛАСТА? Митева повика СДСМ да не ги манипулира скопјани за пожарот во Универзална

Министерство за култура на чело со Бисера Костадиновска со години ја лаже јавноста за објектот на Универзална сала. Ветуваа дека ќе ја реконструираат, а објектот стои како руина 7 години. Најалармантно е што СДСM наместо да одговори на суштинските прашања крева прашина мислејќи дека ќе ги покрие трагите - истакнува Мрија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

270

Изгоре Универзална сала и како и за сè до сега виновен е друг, можеби повторно виновен е кабелот, само не власта. Нема одговорност за Ковачевски и Бисера Костадиновска. Нема ниту извинување до граѓаните, вели Марија Митева, портпаролka и кандидатka за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерство за култура на чело со Бисера Костадиновска со години ја лаже јавноста за објектот на Универзална сала. Ветуваа дека ќе ја реконструираат, а објектот стои како руина 7 години. Најалармантно е што СДСM наместо да одговори на суштинските прашања крева прашина мислејќи дека ќе ги покрие трагите – истакнува Митева.






Портпарлоката на ВМРО-ДПМНЕ побара поранешниот премиер Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера Костадиновска да одговорат на три прашања:

1. Која фирма е изведувач на градежните активности и дали истата е блиска со врвот на СДС?

2. Какви материјали се вградени во Универзална сала и дали тие се согласно сите стандарди? Или е ист примерот како со Тетовската модуларна болница?

3. Кој е надзор на градбата и дали тој утврдил недостатоци, дали ги нотирал или одобрил сè што досега е правено?

– Одговори мора да има, но и одговорност. Тоа што мислат дека ги манипулираат скопјани ќе ги освести на претстојните избори, промените се во рацете на народот. Македонија повторно на граѓаните – истакна Митева.

Поврзани содржини