МОЖЕБИ НЀ ЧЕКА УШТЕ ПОСМРТОНОСЕН ВИРУС Бил Гејтс вели дека треба однапред да се припремаме
Гејтс рече дека светските приоритети се „чудни“ и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на вакцините.
Иднината може да ни донесе уште позаразни и посмртоносни вируси од актуелниот коронавирус и неговите соеви делта и омикрон, смета милијардерот Бил Гетјс и ги повика богатите земји да инвестираат милијарди долари за светот да се подготви за некоја идна можна глобална епидемија, пренесува Индекс.
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и британскиот Wellcome Trust ѝ донираа 300 милиони американски долари на Коалицијата за иновации во подготовка за епидемија (CEPI), која помогна да се формира програмата Ковакс, која обезбедува вакцини за земјите со низок и среден приход.
Организацијата работи на собирање 3,5 милијарди долари за да може периодот за добивање на новата вакцина да се намали на само 100 дена. Гејтс рече дека светските приоритети се „чудни“ и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на вакцините.
– Кога станува збор за трошење милијарди за да се спасат милијарди во смисла на економска штета и десетици милиони животи, би рекол дека тоа е прилично добра полиса за осигурување – рече Гејтс, истакнувајќи дека таквиот навидум огромен напор, дури и во економска смисла, ќе спречи многу полоша штета.
Гејтс рече дека двајцата главни донатори на развој на вакцини за време на пандемијата на ковид-19, ЦЕПИ и американската влада, биле „храбри“ затоа што инвестирале во развојот на потенцијални вакцини.