МОЖЕБИ ГО ФАТИЛА КАКО ПРЕПИШУВА? 70-годишен кумановец истепал наставничка
Педесетгодишна наставничка во основно училиште во Куманово пријавила дека во кругот на училиштето била физички нападната од лицето Љ.К.(70) од Куманово - информираше полицијата.
Наставничка од Куманово била нападната од повозрасен сограѓанин, соопшти денеска кумановската полиција. Наставничката го пријавила случајот во СВР Куманово вчера во 15:15 часот.
– Педесетгодишна наставничка во основно училиште во Куманово пријавила дека во кругот на училиштето била физички нападната од лицето Љ.К.(70) од Куманово – информираше полицијата.
По целосното документирање на случајот против Љ.К. од ќе биде поднесен соодветен поднесок.