МОЖЕБИ ЕДЕН НОКАУТ ЌЕ ГО ЗАМОЛЧИ! Костовски и Апасиев ја преселија „тепачката“ на Фејсбук
Да се контролираш во даден момент од пцовки и навреди од невротичниот колега е одлика на здрав ум, безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица не во храмот на демократијата, напиша на Фејсбук пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.
Со селјаците – селјачки, а со интелектуалците – интелектуално. Вака пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, го искоментира денешниот инцидент во Собранието кога за малку ќе дојдеше до тепачка помеѓу него и пратеникот од СДСМ Мартин Костовски.
Свое видување за инцидентот има и Костовски, кој на Фејсбук напиша статус во кој се вели дека можеби треба да му се случи нокаут на Апасиев, но не во Собранието, туку на улица.
„Да се контролираш во даден момент од пцовки и навреди од невротичниот колега е одлика на здрав ум, безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица не во храмот на демократијата. Лудилото ќе се заборави, ама рационалноста народот ќе ја памети. Соочен со целосен распад и неуспех на сценаријата за насилно стопирање на европската иднина на државата, на Апасиев не му преостана ништо друго освен да ги пренесе тензиите во Собранието. Свесен дека не му поминуваат лагите за бугаризација и асимилација на Македонците, не му преостана ништо друго освен да се заканува со физичко насилство. Агресијата на Апасиев кон мене, е само изблик на неговата немоќ, и ништо повеќе од тоа. Впрочем, насилничкото однесување на Апасиев, не е ништо ново ниту за нас пратениците, ниту за граѓаните. Тоа е истиот оној Апасиев кој се закануваше дека ќе стрелал луѓе, кој секојдневни се заканува, клевети, шири говор на омраза. Но, ниту тој, ниту тие за кои ги одработува овие антидржавни сценарија, нема да успеат да ни застанат на патот на европската идна на државата. Влегуваме во ЕУ како Македонци, со признат македонски јазик нез никакви фусноти и додавки, со чист македонски идентитет“, напиша Костовски.
АПАСИЕВ И КОСТОВСКИ ТРГНАА ФИЗИЧКИ ДА СЕ ПРЕСМЕТААТ Расте нервозата во Собранието (ВИДЕО)