МОЖЕБИ ЌЕ ГО ВИДИМЕ СОНЦЕТО НА КРАТКО Ќе биде променливо облачно, но барем потопло

Утринските температури ќе бидат над нулата, од 2 до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 11 до 17 степени.

247

Времето денеска изутрина ќе биде облачно со услови за магла во одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови.

Утринските температури ќе бидат над нулата, од 2 до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 11 до 17 степени.






Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер, се вели во прогнозата на УХМР.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а задутре (в недела) ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а во попладневните часови температурите нагло ќе се намалат.

 

Поврзани содржини