МОЖЕБИ, АМА НА МАСА ДА СЕ СТАВАТ „МОНСТРУМ“, „ДИВО НАСЕЉЕ“ И „АЛФА“ Зијадин Села ја коментираше можната амнестија на Никола Груевски
Не би било добро за правната држава доколку се амнестираат само политичарите. Да се отвори ова, ќе ме интересира овој случај, ако на маса се стават случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа, изјави Села во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Поранешниот лидеро на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села вели дека неговата партија не учествувала во преговорите за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски, а дека се чини дека на амнестијата влијаела опозицијата.
Села рече и дека ако се отвори тој случај тогаш тој лично и неговата партија би биле заинтересирани на маса да се стават амнестиите за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа“.
– Не би било добро за правната држава доколку се амнестираат само политичарите. Да се отвори ова, ќе ме интересира овој случај, ако на маса се стават случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа – изјави Села во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.