МОЖЕА ДА НЀ ДЕПОРТИРААТ ПРЕД ТРИ ДЕНА Меси е крајно разочаран од потегот на Бразилците

Бразилски здравствени претставници влегоа на теренот и побараа од тројца аргентински репрезентативци, Кристијано Ромеро, Џовани Ло Селсо и голманот Емилијано Мартинез, да го напуштат стадионот и државата поради кршење на правилата за задолжителен карантин.

451

Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси ја обвини бразилската страна за заткулисни игри поврзани со прекинатиот натпревар што во неделата вечер требаше да се одигра во Сао Паоло во рамки на јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2022.

Јужноамериканското дерби беше прекинато по само три минути игра на стадионот во Сао Паоло поради кршење на ковид-19 протоколите за карантин.






Бразилски здравствени претставници влегоа на теренот и побараа од тројца аргентински репрезентативци, Кристијано Ромеро, Џовани Ло Селсо и голманот Емилијано Мартинез, да го напуштат стадионот и државата поради кршење на правилата за задолжителен карантин.

– Дојдовме во Бразил со намера да играме фудбал. Пристигнавме и никој ништо не нè информираше дека нешто такво може да се случи. Доколку сакаа, можеа да нè депортираат пред три денови, кога пристигнавме. Ова е катастрофа – изјави Меси за аргентинските медиуми.

Поврзани содржини