МОЖЕ ЛИ СДСМ ДА ПРОДОЛЖИ БЕЗ ЗАЕВ Кој ќе го наследи премиерот ако партијата го загуби Скопје?

Аналитичарите и добрите познавачи на приликите сметаат дека премиерот на овој начин сака да даде нов импулс во кампањата, со цел да го подобри лошиот резултат на своите кандидати меѓу два круга избори. Сепак, никој не верува дека тој навистина ќе си поднесе оставка.

4,373

Премиерот Зоран Заев по лошиот резултат остварен на првиот круг од локалните избори во Македонија најави оставка на сите фунции, доколку кандидадот на СДСМ Петре Шилегов, ја загуби конечната битка за градоначалничката позиција во Скопје.

Од опозицијата ова негово ветување го искористија како дополнителен елан во кампањата, охрабрувајќи ги граѓаните да гласаат за Данела Арсовска, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се идејствува оставката на Заев.






Многу порезервирани се од редовите на СДСМ или од коалицијата која ја предводи во моментов најмоќната политичка партија. Тито Петковски од НСДП веќе јавно посочи дека изјавата на премиерот е неодговорна, а лесно може да се претостави дека слично размислуваат и останатите партиски лидери од владината коалиција.

Аналитичарите и добрите познавачи на приликите сметаат дека премиерот на овој начин сака да даде нов импулс во кампањата, со цел да го подобри лошиот резултат на своите кандидати меѓу два круга избори. Сепак, никој не верува дека тој навистина ќе си поднесе оставка.

– Тоа е невозможно сценарио. Доколу Шилегов загуби во Скопје, за што постојат големи шанси, тогаш тој најверојатно ќе поднесе оставка од партиската и државната функција, но тие оставки нема да му бидат прифатени од неговите сопартијци, а може да се очекува и слична реакција од коалициските партнери – вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Пекевски додава дека и доколку се размотрува одредено хипотетичко сценарио поврзано со неговата оставка, едноставно нема човек во СДСМ, кој би можел да го наследи во партијата.

– Ниту еден од неговите заменици во партијата едноставно не покажаа одреден квалитет или капацитет, кој би можел да ги исфрли во јавниот дискурс како можни и идни наследници на Заев – доадава Пекевски.

Сличното го мисли и Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања(ИПИС), за кого е неодговорно да се помисли дека во една ваква ситуација некој би можел да го замени Заев и тоа на било која функција.

– Не верувам дека тоа ќе се случи. Според резултатите од најновата анкета кои беа објавени вчера од ИПИС, опозицијата има водство пред СДСМ, а иако анкетниот прашалник се однесува на проекцијата на евентуалните парламентарни избори, лесно може да се извлече заклучок дека ВМРО-ДПМНЕ веќе преминува во водство во партискиот рејтинг и таа тенденценија според моето искуство нема да запре периодов. За СДСМ е попаметно во моментов да распише брзи парламентарни избори и на тој начин да се спаси од поголема катастрофа – вели Божиновски.

Тој смета дека во во моменталниот сотав на СДСМ, нема ниту една личност што обавува партиска функција, за кого би можело да се каже дека има капацитет да го замени актуелниот лидер.

– Во изминативе години Заев се здоби со огромно реноме во партијата, па неговиот статус на лидер не остава место за можни наследници. Мислам дека без него како премиер ќе биде невозможно да функционира ниту владината коалиција, која по составот е и онака тешка за одржување.

Вториот круг на избори е закажан за 31 октомври.

Поврзани содржини