МОЖЕ ЛИ ПУТИН ДА МОБИЛИЗИРА МИЛИОН ВОЈНИЦИ? Одлуката нема многу да влијае на руската борбена моќ
Последната анализа на Институтот за воени истражувања ИСВ покажува дека наредбата на Путин за мобилизација на „обучени“ резервисти нема значително да влијае на руската борбена моќ во наредните месеци.
Декретот за мобилизација во десет точки кој вчера го потпиша Владимир Путин содржел план за мобилизација на милион луѓе во својот седми став, кој е доверлив, пишува рускиот медиум Нова газета Европа. Всушност, самиот документ вели дека седмата точка е „само за службена употреба“, пренесува Мондо. Тоа значи дека во план на Кремљ не се само 300.000 нови војниц. Може ли Путин навистина да регрутира милион Руси?
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска ги отфли како лажни овие шпекулации, јави Ројтерс. Неговиот син пак, подлегнувајќи на лажен повик од јутјубери синоќа изјави дека не сака да биде мобилизиран, а разговорот излезе во јавноста, веќе пишуваше Плусинфо.
Според проценките на веб-страницата globalfirepower.com, Русија има вкупно 1.350.000 војници, од кои 850.000 се во активна служба, 250.000 се резервисти, а 250.000 се платени војници.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, вчера најави дека во етапи ќе бидат мобилизирани 300.000 лица, а видеа од мажи кои заминуваат во војната и жените кои плачат по нив денеска се појави на социјаните мрежи.
Последната анализа на Институтот за воени истражувања ИСВ покажува дека наредбата на Путин за мобилизација на „обучени“ резервисти нема значително да влијае на руската борбена моќ во наредните месеци.
Институтот вели дека најавата на рускиот претседател за мобилизација всушност ги одразува бројните проблеми со кои се соочува Кремљ во ослабената инвазија на Украина, која Москва веројатно нема да може да ја реши во наредните месеци.
Украинските воени претставници тврдат дека руските сили ангажирале 80.000 лица.