МОЖЕ ЛИ ХАРИС ДА ГО ПОБЕДИ ТРАМП? Две анкети покажуваат дека Трамп има предност кај гласачите

Анкетата „On Point Politics/Social Research“ спроведена по најавата на Бајден анкетираше 801 гласач. Од анкетираните, 51% одговориле дека би гласале за Трамп доколку изборите се одржат денеска, додека 43% би гласале за Харис, а шест отсто се неопределени. Анкетата на Morning Consult исто така покажа дека Трамп води.

553

Две политички анкети спроведени откако претседателот на САД, Џо Бајден ја повлече својата кандидатура, покажуваат дека неговата заменичка Камала Харис, доколку биде избрана за кандидат на Демократската партија, ќе загуби од нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Харис рече дека ја обезбедила поддршката од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција за да биде номинирана од Демократската партија.






Сепак, две анкети објавени од Њузвик покажуваат дека Харис можеби „не е доволно силна“ за да го победи Трамп.

Анкетата „On Point Politics/Social Research“ спроведена по најавата на Бајден анкетираше 801 гласач. Од анкетираните, 51% одговориле дека би гласале за Трамп доколку изборите се одржат денеска, додека 43% би гласале за Харис, а шест отсто се неопределени.

Анкетата на Morning Consult исто така покажа дека Трамп води. Според анкетата, за Трамп гласале 47% од испитаниците, а за Харис 45%.

Поврзани содржини