Може ли Гевгелија да биде престолнина на државата?

Искрено се надевам дека Гевгелија и гевгеличани нема да ми забележат на прашањето од насловот и овие „фигури“ бидејќи навистина немаат лоша намера. И „одозгора на тога“, Гевгелија во секој поглед е поблиску до идејата да биде главен град отколку што сдсм воопшто и може да помислува да стане политички фактор во државава.

2,753

Прашањето од насловот не е само реторичко, а неговата контекстуализација со Гевгелија е сосема случајна односно може да биде и со секој друг македонски град со блиску 18.000 жители. Гевгелија (според фамозната Википедија) има 15.158 жители, со што е најблиску до посочената бројка. Струга е исто така блиску со 15.009, Радовиш има околу 14.460 жители итн.

Но зошто бројката од 18.000? Затоа што старо-новиот „лидер“ на последниот соцреалистички куќен совет викан сдсм (малите букви се…) освоил толку гласови на последното гласање. И со тие и тооолку гласови сака да биде доминантна фигура во македонската политика, да наметнува решенија и да бара некакви промени, да оценува која партија/влада е способна а која не е итн.






Затоа и компарацијата со Гевгелија како град близок според бројот на жителите со гласачкото тело на сдсм. Што ќе рече дека, следствено, веќе утре гевгеличани, или стружани или радовишани, можат да излезат на локален референдум и да си го прогласат градот за – главен град на државата, нели?

Искрено се надевам дека Гевгелија и гевгеличани нема да ми забележат на прашањето од насловот и овие „фигури“ бидејќи навистина немаат лоша намера. И „одозгора на тога“, Гевгелија во секој поглед е поблиску до идејата да биде главен град отколку што сдсм воопшто и може да помислува да стане политички фактор во државава.

Но, велат во политиката, а особено во македонската политика, сѐ е можно, па и Гевгелија би можела да стане главен град на државата ако тоа го изгласаат македонските граѓани на референдум, Собранието ги прифати резултатите од тој референдум и го смени Уставот, па наместо да внесува Бугари во него да запише дека наместо Скопје главен град ќе биде – Гевгелија. Но, истата постапка тешко би можела да се примени и на последниот соцреалистички куќен совет викан сдсм. Тоа, имено, би значело Собранието да изгласа резолуција со којашто на сдсм ќе им се даде статус на политичка партија (а не куќен совет или секта), одреден број граѓани да мора да гласаат за нив на сите избори итн., итн. И тогаш нивниот статусен проблем би бил – решен! Вака, со овие 18.000 гласачи…, тие одвај се држат на границата на секта со којашто управува соцреалистички куќен совет лоциран на „Бихаќка“.

Иако, да бидам искрен, јас попрво би гласал за Гевгелија. Предностите на Гевгелија не само пред сдсм туку и пред Скопје се огромни. Како прво, Грција, и особено Солун и Халкидики (како наши омилени дестинации) би ни биле поблиску па нашето вообичаено транзитирање на таа релација за викенди, празници и летни одемори би се одвивало полесно. И понатаму, Гевгелија е бре сериозен град а не паланка како Скопје. Или како сдсм!

Но, сепак, ако ја оставите шегата на страна – иако за Гевгелија не се шегувам, или можеби само малку! – и последниов „избор“ на старо-новиот „претседател“ на куќниот совет на „Бихаќка“ го потврдува жалниот факт за страотното раслојување на некогаш сериозната партија (иако многумина и тоа го спорат!), катастрофалниот недостаток на демократија во овие остатоци што глумат партија и комплетната узурпација на раководните структури во неа. Иако, како и сѐ друго, и партиите се раѓаат, растат и – умираат. А ова е одамна најавена смрт! Уште од средината на онаа 2018 година.

Зошто баш тогаш? Затоа што уште тогаш, само година дена по превземањето на власта, се виде целосната неподготвеност, некапацитетност, неукост и неспособност на врхушката на таа партија да се зафати со сериозни реформи во државата. Зашто, прво, не може анахроно устроена партија која не умее да ги реформира сопствените редови, да реформира – држава. Такво нешто не постои во историјата. А потоа на сето тоа се „налепија“ сите оние спомнати „црни точки“ во кадровската политика, распределбата на ресорите, неуките и неспособните кадри итн.

Или, ако сакате, веќе од самиот почеток на нивното практикување на власта се виде дека пишуваните програмски определби за некакви реформи апсолутно не коинцидираат со праксата, уште помалку со нивната желба за некакви промени. Дури и денес, кога ги читате партиските и владините програми од тоа време и истите ги споредите со „активностите“ на тој план, гледате дека станува збор за чисто лудило. Точно, хартијата трпи сѐ, партиите можеби мислат дека граѓаните се овци кои веќе утре забораваат што било вчера…, ама сето тоа се само приказни за мали деца. Кога ќе дојдат избори, тие „овци“ знаат што треба да направат!

Кога пак на сето тоа ќе додадете онаков коалициски „партнер“ како дуи (малите букви се…), тогаш катастрофата е несопирлива.

И репризата на тој филм, по којзнае кој пат, ја гледавме деновиве на нивните внатрепартиски претседателски „избори“. Повторно со само еден кандидат, без многупати ветуваниот темелен извештај за катастрофалниот резултат од последните парламентарни избори но и за состојбите во самата „партија“, со раководство коешто – не се шегувам – навистина заличува на куќен совет составен од неколкумина кои не знаат што да прават со себеси па се занимаваат со маргиналиите во зградата и маалото… И паралелно да говорите за „консолидирана партија“, за некаков иден „клучен играч во новата политичка фаза што доаѓа“ сериозно сведочи за тотално отсуство на самокритичка мисла и разбирање на реалноста.

А впрочем, деталите на таа нивна определба да бидат некаков иден „клучен играч во новата политичка фаза што доаѓа“, се разјасни веќе ден-два по „изборите“, на некаква Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на еу (малите букви се…) на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Брисел, кадешто „претседателот“ на куќниот совет повторно, по којзнае кој пат и наспроти случувањата во таа еу и светот, континуирано пелтечи за некакви уставни измени и отворање на преговарачките поглавја. Како да се слепи и глуви (да не кажам потежок збор), како да не гледаат ни што се случува во Бугарија, какви книги издаваат нивните „фаворити“ итн. А истата реторика, по стоти пат, е актуелна и на внатрешен план, каде, демек, „„вистинскиот напредок, вистинскиот прогрес, вистинските резултати, тоа што граѓаните сакаат да го видат, се темелат на зајакнување на правосудството, подигнување на стандардот, а со тоа и со сериозна борба со корупцијата во нашата земја, зајакнување на сегменти, како социјалата, образованието и здравството“, ама заборава да додаде дека тоа они не го направија цели осум години, но ќе го направат во некоја друга, нова иднина.

Едновремено, никако не пропуштаат да си ја офираат земјата и владата пред странците, и понатаму отворено нудејќи се како некаква политичка алтернатива, бидејќи на сите им било јасно дека Македонија „не може да оди со оваа Влада“!

А со која да оди, со оние 18.001 гласови?

Поврзани содржини