МОЖЕ И ВАКА Норвешка одби да прати војници во Источна Европа
Норвешкиот министер за одбрана изјави дека земјата има ограничени ресурси. Наша задача е да ја следиме ситуацијата на северот, рече тој.
Норвешка не планира да испрати дополнителни војници во Источна Европа кои ќе бидат стационирани како дел од контингентот на НАТО, соопшти норвешкиот министер за одбрана Од-Роџер Еноксен.
– Имаме ограничени ресурси. Наша најважна задача е да ја следиме ситуацијата на северот. И второ, придонесуваме како дел од силите на НАТО во Литванија. Немаме цел да ги шириме нашите сили на друго место – додаде тој.
Пред неколку дена Норвешка соопшти дека планира да го зголеми присуството на силите на НАТО во Литванија.
– Се работи за 50 до 60 војници. Нивниот престој во Литванија се очекува да трае околу три месеци. Пред се, ова е сигнал за солидарност за партнерите на Норвешка – рече Еноксен во телевизиско интервју.