МОЖЕ ДА СТИГНЕМЕ ДО КИЕВ ВО ВТОРАТА ФАЗА Медведев смета дека Ф16-ки за Украина ќе значат нуклеарна војна

Според Медведев сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и дека, според тоа, тој град веројатно би можел да биде цел на руското освојување, пренесе РИА Новости.

1,579

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека руските сили можат да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот. Тој вели дека Киев е закана за постоењето на Русија и дека тамошните власти се марионети на САД кои немаат страв за иднината на Украина.

– Елитите кои сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе изберат, а некои ќе бидат принудени – изјави поранешниот руски претседател за руските медиуми.






Според него, сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и дека, според тоа, тој град веројатно би можел да биде цел на руското освојување, пренесе РИА Новости.

Некогашниот руски претседател предупреди и дека снабдувањето на Украина со борбени авиони Ф-16 претставува ризик од предизвикување нуклеарен конфликт.

– Случајно, ненамерно избивање на нуклеарен конфликт не е нешто што треба да се отфрли, затоа сите тие махинации околу Украина се опасни –  вели Медведев и додава:

– Значи, ако еден од тие авиони полета од земја на НАТО во украинска мисија – што би било тоа? Напад на Русија. Нема да опишам што би можело да се случи следно. Таков развој на настаните можеби нема да биде ни санкциониран од раководството на НАТО и од САД.

Руските власти претходно предупредија дека испораката на Ф-16 во Украина ќе биде многу проблематична, имајќи предвид дека авионите можат да распоредат нуклеарни гравитациски бомби.

Поврзани содржини