МОЖЕ ДА СНЕМА РАКЕТИ ЗА УКРАИНА, ОЦЕНИ ЗЕЛЕНСКИ Американците и сојузниците може да ги задржат за своите потреби на Блискиот Исток

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски оцени дека нападот врз иранските воени цели бил добра одлука, наведувајќи дека Иран произведува значителни количества оружје за Русија, особено беспилотни летала и ракети.

228

Ескалацијата на конфликтот во Иран може да го отежни снабдувањето на Украина со ракети за воздушна одбрана, бидејќи на САД и на нивните сојузници би можеле да им бидат потребни тие резерви на Блискиот Исток, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Зеленски оцени дека нападот врз иранските воени цели бил добра одлука, наведувајќи дека Иран произведува значителни количества оружје за Русија, особено беспилотни летала и ракети.






– Можеме да се соочиме со тешкотии во набавката на ракети и на системи за одбрана на нашето небо. Американците и нивните сојузници може да ги задржат за свои потреби – рече Зеленски, потсетувајќи дека испораките за Украина биле забавени за време на претходните тензии на Блискиот Исток.

Зборувајќи за рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски оцени дека тој е „ослабен“ и дека ја изгубил зимската офанзива против Украина.

– Нападите врз енергетската инфраструктура во текот на зимата не успеаја да нè скршат или да го поделат општеството – рече украинскиот претседател.

Зеленски повтори дека Украина нема да се согласи на повлекување од Донбас, нагласувајќи дека таков потег би им отворил пат на руските сили кон внатрешноста на земјата.

Тој додаде дека Киев останува отворен за преговори, но дека позициите на двете страни се оддалечени, особено по прашањето за териториите и безбедносните гаранции.

Поврзани содржини