МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ГОЛЕМ ПАД НА ПАЗАРОТ НА АКЦИИ ВО САД Шефот на JP Morgan очекува промените да се случат и за 6 месеци

Џејми Дајмон, шефот на најголемата американска банка ЏП Морган предупредува дека сè уште е „малку загрижен“ за инфлацијата во САД, но верува дека Федералните резерви ќе останат независни, и покрај постојаните напади на администрацијата на Трамп врз нејзиниот претседател, Џером Пауел.

712

Постои значително поголем ризик од сериозен пад на американските акции отколку што моментално се рефлектира на пазарот, изјави Џејми Дајмон, шеф на најголемата американска банка ЏП Морган во интервју за Би-Би-Си.

Дајмон вели дека е „далеку повеќе загрижен од другите“ за сериозна корекција на пазарот, за која рече дека може да дојде во следните 6 месеци до 2 години.






Според него,  САД станале „помалку сигурен“ партнер на светската сцена.

Тој предупреди дека сè уште е „малку загрижен“ за инфлацијата во САД, но верува дека Федералните резерви ќе останат независни, и покрај постојаните напади на администрацијата на Трамп врз нејзиниот претседател, Џером Пауел.

Дајмон предупреди дека постојат зголемени ризици од прегревање на американските берзи.

-Тоа ме загрижува многу повеќе од другите. Многу работи создаваат атмосфера на неизвесност – рече тој,

Притоа ги посочува факторите кои влијаат на тоа  како што се геополитичката средина, фискалните трошоци и ремилитаризацијата на светот.

-Сите овие работи предизвикуваат многу проблеми на кои не знаеме како да одговориме. Затоа велам дека нивото на неизвесност треба да биде повисоко во умовите на повеќето луѓе отколку што би го нарекол нормално – вели тој.

Голем дел од брзиот раст на берзата во последните години е поттикнат од инвестициите во вештачка интелигенција, но првиот човек на ЏП Морган смета дека  дел од парите инвестирани во вештачката интелигенција „веројатно ќе бидат изгубени“.

– Јас гледам на тоа како ако вештачката интелигенција е вистинска, вештачката интелигенција ќе се исплати во целост. Исто како што автомобилите се исплатија во целост, а телевизорите се исплатија во целост, но повеќето луѓе вклучени во нив не се снашле добро – рече Дајмон.

Друг фактор на ризик со кој, според многумина во глобалната економија, би можеле да се соочат САД е притисокот врз независноста на Федералните резерви, централната банка на Америка.

Дајмон вели дека е подготвен да му верува на Трамп дека нема да се меша во независноста на Федералните резерви, и покрај тоа што претседателот го опиша актуелниот претседател на Федералните резерви, Џером Пауел, како „кретен“ и „глупав“ затоа што не ги намали каматните стапки порано.

Дајмон се согласува дека Соединетите Американски Држави станале „помалку сигурни“, но нагласи дека некои од постапките на администрацијата на Трамп ја поттикнале Европа да дејствува поради недоволни инвестиции во НАТО и недостаток на економска конкурентност.

Експертите стануваат позагрижени од фактот дека има голем раст на акциите на технолошките компании кои се занимаваат со вештачката интелигенција, но расте и цената на златото како можен бег на инвеститорите од неизвесноста која ја прават големите геополитички промени.

 

Поврзани содржини