МОЖЕ ДА СЕ ПИЕ ВОДАТА ВО КУМАНОВО Испитана е, чиста како солза

Од ЈП „Водовод“ велат дека водоснабдувањето ќе се нормализира во наредните неколку часа и во високите зони, каде што во изминатите денови имаше проблеми со техничката вода.

145

Водата од градскиот водовод во Куманово е безбедна за пиење, покажале анализите во Центарот за јавно здравје Куманово, а потврди и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

По една недела забрана, водата ќе може да се користи за секојдневна употреба.






„Ги известуваме граѓаните дека водата во целиот водоснабдителен систем е исправна и може да се користи и како вода за пиење. По извршениот инспекциски контролен надзор и по добиените резултати од Центарот за јавно здравје Куманово од испитаните примероци на вода од 25, 26 и 27 мај годинава, констатирано е дека тие одговараат на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри. Согласно Правилникот за безбедност на водата за пиење, издаденото Решение за забрана на водата за пиење е укинато“, соопшти Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Од ЈП „Водовод“ велат дека водоснабдувањето ќе се нормализира во наредните неколку часа и во високите зони, каде што во изминатите денови имаше проблеми со техничката вода.

Куманово остана без вода за пиење по минатонеделното невреме проследено со пороен дожд и град во Липковско, по што се замати водата во акумулациите Липково и Глажња, од каде што Куманово и Липково се снабдуваат со вода за пиење.

Поврзани содржини