Може да почне изградбата на првата висококатница кај „Холидеј ин“, Богдановиќ ставил потпис на дозволата

Нема жалби по однос на барањето за градењето за кое се платени комуналиите. Откако пропадна можност за суспензија на Деталниот урбанистички план за тој дел, не постојат никакви пречки да се гради и барањето за градба стана правосилно, вели градоначалникот Богдановиќ.

529

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ потпиша градежна дозвола за градење на првата од трите кули кај „Холидеј ин“ и потврди дека нема никакви пречки за да се почне со градба, пишува СДК.

– Нема жалби по однос на барањето за градењето за кое се платени комуналиите. Откако пропадна можност за суспензија на Деталниот урбанистички план за тој дел, не постојат никакви пречки да се гради и барањето за градба стана правосилно – вели градоначалникот Богдановиќ.






Прво ќе се гради зградата од 20 ката која се наоѓа на земјиштето на МПЦ-ОА и всушност ја попречува отвореноста на плоштадот кон кејот. Токму за оваа зграда се уплатени комуналии во висина од 2.4 милиони евра на Град Скопје и Општина Центар. Потоа би се градела станбената зграда од 22 ката, со зеленило на терасите и на крај деловниот центар од 16 ката.

За овие два објекти дополнително ќе се платат комуналии, а за секоја Градот и Општината ќе наплатат приближно колку висината на комуналиите за првата зграда.

Поврзани содржини