МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ УШТЕ 90 БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН Заев отфла можност да дојдат и терористи

Премиерот потсети дека Авганистан е еден од првите донатори на Универзалната сала.

444

Никој не побара од нас, сами се понудивме да преземеме и споделиме дел од одговорноста, човечноста и хуманоста по целосното заземање на Кабул од страна на талибанските сили. Се работи за луѓе кои биле поддржувачи на сојузничките армии, вклучително и на нашата армија во Авагнистан. Се работи за миротворици, активисти за човекови, новинари, жени, студенти, интелектуалци, луѓе на кои треба да им помогнеме во услови кога се под страв да им бидат одземени животите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, отфрлајќи ги сите шпекулации за бран на бегалци или можни териристи или било какви застрашувања кон државата.

Нашите граѓани, нагласи Заев, се работи за отвореното прашање дали сме луѓе или не, потсетувајќи дека Скопје по земјотресот од 1963 година има примено помош од целиот свет и дека Авганистан е еден од првите донатори на Универзалната сала.






– Ќе ги прифатиме сите овие граѓани, кои доаѓаат со однапред пријавени листи со нивните податоци. Тоа се луѓе кои биле асистенти на ОН и членови на нивните семејства, на Националниот демократски институт, на Фондацијата Отворено општество, на Капата на националните организации на САД – НЕТ изјави Заев по настан  во ТИРЗ Скопје 2.

Во прашање се, нагласи Заев, принципи на човченост и на хуманост.

-Ќе ги пречекаме сите тие граѓани, кои веруваме дека од следните денови ќе дојдат во нашата земја. Ќе им понудиме сместување. Државата донесе одлука, да го плати транспоротот од аеродром до хотелите. Веќе се направени аранжманите и договорите со сите хотели. Ќе се овозможи бесплатна вакцинација на тие што немаат вакцинација, ќе се направат бесплатни ПЦР тестови и ќе им се понуди бесплатен здравствен преглед. Трошоците за нивното сместување ќе бидат покриени од соодветните институции и организации и САД, но и владата донесе одлука да преземе дел од тие трошоци, затоа што се работи за достоинство и капцитет на нашата држава -рече тој.

Заев не ја исклучи можноста на потврдените 450 бегалци да им се придружат уште од 50 до  90 други.

-Капацитетите се огромни. Досега имаме хотели кои понудиле поголеми капацитети и места за 300 и 500 луѓе. Апсолутно се работи за луѓе со свои квалификации и верувам за време на нивното задржување во С Македонија, ќе можеме да направиме нивно здравствено и секаквко згрижување, но секако и општествен ангажман. Најважно е да го покажеме хуманиот аспект, да ги зачуваме животите, да пружиме рака према деца, студенти, жени и миротворци, активисти за човекови права, политики и т.н.- рече Заев.

Поврзани содржини