МОЖЕ ДА ИМА БАРАЊА И ОД ДРУГИ ЧЛЕНКИ Шпанскиот амбасадор вели дека освен уставните измени на патот кон ЕУ битни се и реформите
Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција, вели Лозано Гарсија за годишниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија.
Македонија е можно да има барања и од други земји членки на ЕУ на патот кон Унијата дури и доколку бидат усвоени уставните измени, вели шпанскиот амбасадор во земјава, Хозе Лозано Гарсија, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој потсетува дека реформите во правото, правосудството и борбата против корупцијата се исто така важни на патот, додека за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија оценува:
– Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција.
Претседавањето со Унијата Шпанија за неколку дена ќе ѝ го предаде на Белгија.