МОЖЕ ДА ГОРИ И ЦЕЛО СКОПЈЕ Таткото на Градот Шилегов одмара во луксузен хотел во Ровињ
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека Шилегов се одмара во хотелот „Монте Мулини“, каде што за 6 ноќи треба да плати 12.300 евра.
ВМРО-ДПМНЕ денеска регагираше дека градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов не се грижи за тоа дека делови од градот горат, а тоа се потврдува дека тој моментално е на суперлуксузен одмор во Хрватска.
Портпаролот на партијата Наум Стоилковски денеска на прес- конференција рече дека има податоци дека Шилегов одмора во хотелот „Монте Мулини“, суперлуксузен хотел во Ровињ, Хрватска.
– За 6 ноќи за двајца треба да платите 12.300 евра. Три просечни плати за еден ден одмор во суперлуксузниот хотел во Ровињ.15 дена Шилегов е во Ровињ, одмора. Сарај, Скопје, Македонија може да изгорат, Шилегов одмара. 15 дена слушаме од ЦУК дека Сарај гори, Сарај е во опасност од пожари, од подземни жаришта. 15 дена не може да се изгаснат пожари на 5 километри од Скопје. Ама Шилегов одмора никаде го нема. 15 дена го нема. Изгоре Македонија, тој е во Ровињ – рече Стоилковски.
Тој рече дека Шилегов на сета мака на државата од пожарите преку социјалните мрежи пушта слики од плажата во Ровињ.
– Доколку има грам доблест Петре Шилегов веднаш мора да се појави во Скопје и да каже дали за цело време додека цела Македонија стравуваше пред пеплосување, тој остана во Ровињ? – рече Стоилковски