📽 МОЖЕ ДА ГО ОТСТАПИМЕ БЕЛГОРОД ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО Зеленски со иронија одговори на новинарско прашање

Зеленски ја отфрли можноста за отстапување територии, откако претходно, на 15 август, Стиан Јенсен, блискиот соработник на Јенс Столтенберг во НАТО, во интервју изјави дека Украина би можела да се приклучи на Алијансата на овој начин.

872

Подготвени сме да го размениме Белгород за нашето членство во НАТО, иронично одговори во неделата украинскиот претседател Володимир Зеленски на новинарско прашање, мислејќи на градот Белгород во Русија блиску до украинската граница, пренесува украинска Правда. Ова прашање на претседателот му го поставија за време на неговата посета на Данска каде одржа пресконференција со премиерката Мете Фредериксен.

Зеленски ја отфрли можноста за отстапување територии, откако претходно, на 15 август, Стиан Јенсен, блискиот соработник на Јенс Столтенберг во НАТО, во интервју изјави дека Украина би можела да се приклучи на Алијансата на овој начин. Сепак, Јенсен подоцна ја исправи својата изјава велејќи дека лошо бил сфатен и дека сакал да каже дека во НАТО се разговара и за оваа опција.






Неговиот колега Јенс Столтенберг, генсекот на НАТО, изјави дека само Украина може да одлучи под кои услови ќе седна на преговарачкото столче.

Според Зеленски, тешко е да се критикува украинската контраофанзива кога силите на земјата немаат соодветно оружје. Според него, Украина нема да ги ризикува животите на илјадници бранители за да напредува до 5-8 километри без моќно оружје.

Посетата на Зеленски дојде непосредно по одлуката на Холандија и на Данска да ѝ доделат авиони Ф-16 на Украина, а првите летала треба да пристигнат во декември. Зеленски вчера ја посети и Холандија, а се очекува вечерва да се појави на неформална вечера во Атина со лидерите од Западен Балкан.

Вашингтон пост неодамна објави анализа во која се вели дека контраофанзивата слабо напредува и дека можеби на повидок е долга војна во Украина.

 

УКРАИНА ДА ОТСТАПИ ТЕРИТОРИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО Блискиот соработник на Столтенберг призна дека избрзал со изјавата

 

Поврзани содржини