Моторите што ги возите без кациги вредат повеќе од амбулантните возила, бруки едни!
Македонија има 183 амбулантни возила, а државата и општините 2.645 автомобили.
Заев во 2017-та: „Ќе го вратиме тенкот, мерцедесот на Груевски од 600.000 евра и со парите од неговата сегашна вредност ќе набавиме амбулантни возила за клиниките во Македонија”.
Во меѓувреме Македонија има 183 амбулантни возила, а државата и општините 2.645 автомобили.
Во овие 4 години набавени се, или барем така пишува, 12 нови амбулантни возила во вредност од околу 300.000 евра. Само во последните 2,5 години, за нови автомобили државните институции потрошиле 8 милиони евра. Набавени се вкупно 392 возила по средна цена од 17.000 евра по возило.
На дури 71% од тендерите имало само по една понуда. Најмногу се купени возила од марките „шкода“ и „фолксваген“.
Една четвртина од возилата биле поскапи од 30.000 евра, а првите десет најскапи возила – сите се со вредност над 40.000 евра.
Само за лизинг дадени се уште речиси 6 милиони евра.
И излегуваат вчера и велат, ќе набавеле амбулантно возило за Струмица за 2 месеци!
Па од Струмица сте бе, бруки едни!
Моторите што ги возите без кациги вредат повеќе од амбулантно возило!
(ФБ статус на авторот).