Под мото „Правда за Гоце, правда за сите“ моторџиите денеска протестираа на скопските улици против неправедните судски одлуки. Судиите и обивнителите со своите одлуки да не поттикуваат хаос и дивеење по улиците во земјава., е пораката која ја испратија моторџиите, по пресудата за сообраќајната несреќа кај Млечен во која пред две години загина 32-годишниот Гоце Димитриевски, а неговата сопруга Наташа го загуби нероденото бебе и е со трајни телесни последици.
Судот донесе одлука во која Васил Чорбаџиев, кој премина преку две полни линии и удри во моторот на Гоце, доби условна казна откако ја призна вината.
На протестот дојде и сопругата на Гоце, Наташа Димитриевска која побара поголема свесност на учесниците во сообраќајот. Таа неколку пати претходно се обиде да ја добие правната битка за Гоце, но со последната одлука на Советот на јавни обвинители се оцени дека обвинителката постапувала правилно во процесот.
Моторџиите упатија апел до Апелацискиот суд , да ја преиспитаат пресудата за загинувањето на Димитриевски, но и сите други ослободителни или условни пресуди за слични дела.