МОТОРЏИЈА ОД СРБИЈА Е ТЕШКО ПОВРЕДЕН Паднал на автопатот Скопје-Велес

373

43-годишен српски државјанин вчера паднал од мотор на автопатот Скопје-Велес, при што е тешко повреден и итно бил пренесен во болница во Скопје, соопшти полицијата.

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, М.М.(43) од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градксата општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани содржини