Мотоциклистот Дупаские им подлегна на повредите

Денес Мото ГП објави официјално соопштение, во кое објави дека и покрај најголемите напори на лекарите, Дупаские починал од повредите. 

411

Швајцарскиот мотоциклист Џејсон Дупаские почина од повредите здобиени во вчерашниот инцидент кога излета од патеката на свиокот 9 на „Муџело“ за време на квалификациите.

Возачот на Тек 3, Ајуми Сасаки возеше веднаш зад Дупаские и немаше начин да избегне судир.






Лекарите кои пристигнале на местото на несреќата му пружиле помош на Дупаские половина час, по што тркачот бил пренесен во болница во Фиренца. За време на хоспитализацијата, состојбата на мотоциклистот беше оценета како многу сериозна.

Денес Мото ГП објави официјално соопштение, во кое објави дека и покрај најголемите напори на лекарите, Дупаские починал од повредите.

Поврзани содржини