МОТОЦИКЛИСТ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА НА ШАР ПЛАНИНА Полицајци успеале да го извлечат

Лицето се движело со мотор, а по падот во провалијата ја скршило ногата.

265

Вчера, во 17:30 часот е примена пријава за повредено лице по пад во провалија со мотор. Локација била на тешко пристапен терен на место викано „Мала Врата“ кај „Црно Езеро“ на Шар Планина, во делот кај караулата „Мазрача“ на дел кон границата со Косово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Лицето се движело со мотор, а по падот во провалијата ја скршило ногата.






„Во 18:15 часот од Полициската станица (ПС) Галате известија дека полицајци од ПС Мазрача успеале да го извлечат и да го спуштат до село Ѓурѓевиште каде што ги чекала екипа на Итна медицинска помош од клиничка болница ‘Ферит Мурат’ од Гостивар“, извести Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Поврзани содржини