📷 МОТОЦИКЛИ, ЕЛЕКТРИЧЕН АЛАТ, ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ… Македонски увозник сакал да внесе роба без да ја пријави

Меѓу непријавената стока се четири употребувани моторцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари, информираше Царина.

361

Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари стока во вкупна вредност од 473.632 денари, соопшти Царина.

„Меѓу непријавената стока се четири употребувани моторцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари. Обидот за криумчарење е откриен од страна на царинските инспектори од мобилниот тим на Царинска управа при детална контрола на камионот кој се пријавил за увозно царинење на царинската испостава Тетово. Стоката не е декларирана во царинската увозна декларација, ниту е пријавена во приложената фактура од страна на увозникот. Непријавена стока е одземена, а против увозникот ќе биде поднесена пријава за кривично дело криумчарење согласно член 278 од кривичниот законик“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини