МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ ЦЕЛОСНО ОТВОРЕН ЗА СООБРЌАЈ По една година утврдено дека нема структурни оштетувања опасни по безбедноста
На 12 мај минатата година, на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај.
Мостот „Беласица“ речиси една година по пожарот, конечно е целосно отворен за сообраќај.
На 12 мај минатата година, на полноќ избувна голем пожар на мостот „Беласица“ по што тој беше затворен за сообраќај.
Откако беше утврдено дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста односно од 02.09.2023 година мостот на булеварот „Беласица“ беше отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти.
Од денеска пак мостот е целосно отворен за сообраќај.