📽️ МОСКВА ЗАТРУПАНА СО СНЕГ ДО ПОЈАС Срушен рекорд стар 32 години

Непрекинатите снежни врнежи ја претворија руската престолнина во бела зона и го надминаа рекордот поставен пред повеќе од три децении.

0

Москва е под снежна покривка каква што не се памети со децении. Во руската престолнина е измерена висина на снег од 61 сантиметар, со што е соборен рекорд стар 32 години.

Според податоците од референтната метеоролошка станица ВДНХ, непрекинатите снежни врнежи во изминатите денови довеле до пораст на снежната покривка за три сантиметри во само 24 часа. Ова го соопшти водечкиот метеоролог на центарот „Фобос“, Евгениј Тишковец, во изјава за РИА Новости.

 






Уште подраматична е состојбата во централните делови на градот. Во реонот Балчуг, висината на снегот достигнала дури 69 сантиметри, додека во Тушино се измерени 63 сантиметри. Со тоа е надминат рекордот од 1994 година, кога снежните наноси во Москва достигнале максимум од 61 сантиметар.

Обилните снежни врнежи не ја поштедиле ниту Московската област. Најмногу снег е измерен во Черусти – 68 сантиметри, потоа во Серпухов со 66 сантиметри, Коломна со 65 и Волоколамск со 62 сантиметри.

 

Метеоролозите предупредуваат дека ваквата снежна состојба може да создаде сериозни проблеми во сообраќајот и секојдневното функционирање на градот, додека службите се ставени во состојба на зголемена подготвеност.

Поврзани содржини