МОСКВА САКА ДА МУ СООПШТИ НЕШТО НА КИЕВ НА 2 ЈУНИ Ѕвонеле телефони, Зеленски го побарал меморандумот со услови
Главниот руски преговарач му се јавил на украинскиот министер кој ја предводеше украинската делегација на преговорите во Истанбул за да му предложи ново место и време. Шефот на руската дипломатија потврди дека предлоот е следната рунда да се одржи на 2 јуни. Украинскиот лидер од Берлин денеска изјави дека веќе контактирал со Русија за да го добие ветениот нацрт-„меморандум“ на Москва.
Русија денеска соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина и ќе му го презентира на Киев на директните разговори во Истанбул следниот понеделник.
– Нашата делегација… е подготвена да го презентира овој меморандум на украинската делегација и да ги даде потребните објаснувања за време на втората рунда директни разговори во Истанбул в понеделник, 2 јуни – изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Владимир Медински, шефот на руската делегација на мировните преговори за Украина, исто така, во средата, 28 мај, изјави дека испратил предлози до Украина со датум и место за размена на меморандуми, односно услови, за запирање на борбите, јави Ројтерс
Медински на апликацијата за пораки Телеграм изјави дека во средата го повикал украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој ја предвореше украинската делегацијана руско-украинските преговори во Истанбул претходно во месец мај, со предлози за датумот и местото на следниот состанок.
„Дозволете ми да нагласам: токму таму, на лице место, сме подготвени да започнеме суштинска, суштинска дискусија за секоја од точките од пакет-договорот за евентуално прекин на огнот“, напиша на Телеграм рускиот преговарач и пратеник на рускиот претседател во преговорите.
Медински рече дека очекува одговор од Украина и дека руската делегација е подготвена да се сретне со своите украински колеги лице в лице во наредните денови.
За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со Трамп на 19 мај, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор.