МОСКВА ОТФРЛА ВМЕШАНОСТ НА РУСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО СКАНДАЛОТ СО ЕПСТИН „Крај на играта за изопачените елити“

90

Главниот преговарач на Русија во разговорите со САД, Кирил Дмитриев денеска ги отфрли обвинувањата за вмешаност на руското разузнавање во скандалот со Џефри Епстин.

„Очајни, морално пропаднати, лажливи левичарски елити паничат и се обидуваат да заблудат. Светот е изморен од вашите лаги и ги гледа нивните вистински намери“, објави Дмитриев на платформата Икс.






Тој реагира откако полскиот премиер Доналд Туск изјави дека покојниот сексуален предатор и педофил Епстин можеби имал блиски контакти со Русија.

„Вашата кабала и лажна пропагандна машина се разоткриени. Крај на играта за изопачените и често сатански либерални елити“, истакна Дмитриев.

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти вчера дека полската Влада формира тим аналитичари кои ќе се занимаваат со полските траги во педофилската афера „Епстин“ во САД и предупреди дека сè повеќе експерти и коментатори во светот укажуваат дека постапките на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин биле „слатка стапица“ на КГБ за елитите на западниот свет, и тоа ќе биде и предмет на полска анализа.

ЕПСТИН БИЛ „СЛАТКА СТАПИЦА“ НА КГБ ЗА ЕЛИТИТЕ ОД ЗАПАДОТ Туск вели дека сè погласно се коментира дека предаторот бил дел од планирана операција

Поврзани содржини