МОСКВА НЕ СТОИ ЗАД „ХАВАНА СИНДРОМОТ“? ЦИА признава дека дел од приказните се измислица

Централната Информативна Агенција или ЦИА во стотици случаи успеала негативните ефекти да ги објасни на друг начин, а само во дваесетина случаи за причинител се смета Хавана синдромот и „странската вмешаност“, почнувајќи од 2016 година. Секако, во папките на ЦИА има и група случаи кои уште не се решени.

386

Вртоглавицата, гадењето, губењето на слухот и тоа само за американски дипломати предизвикана од „руско микробиолошко оружје“ за кое до ден-денес нема докази, но за кое се зборува по секоја поголема средба на претставници од двете земји. Вака накратко го опишуваат „Хавана синдромот“ западните медиуми, а според РусијаДенес, ЦИА со своите извештаи за болеста, индиректно признава дека се работи за измислица.

„Во новата разузнавачка процена, ЦИА отфрли дека загадочните симптоми познати како Хавана синдром се резултат на постојана глобална кампања на непријателска сила насочена кон стотици американски дипломати и шпиони“, неодамна изјавија на вестите на Ен-Би-Си шест експерти.






Беше обзнаено и дека Централната Информативна Агенција или ЦИА во стотици случаи успеала негативните ефекти да ги објасни на друг начин, а само во дваесетина случаи за причинител се смета Хавана синдромот и „странската вмешаност“, почнувајќи од 2016 година. Секако, во папките на ЦИА има и група случаи кои уште не се решени.

Но, медиумите веќе одлучија. За нив, виновникот е Русија. Ветеранот на ЦИА, Луис Регенштајн, дури тврдеше дека ваквите напади од овој вид постојат уште од 1950-тите. Тој за Вашингтон Тајмс објави статија под името „68 години неказнети руски напади со микробранова радијација врз Американците“.

Во последно време многу обвинувања одат на сметката на Русија. Од аферата „Русијагејт“ во која се тврдеше дека Доналд Трамп, поранешниот американски претседател е руски шпион, потоа дека Русија го финансирала Брегзит преку бизнисменот Арон Бенкс, до нејзина вмешаност во Авганистан. Додека тие афери веќе се разрешени, еве зошто не треба да ѝ веруваме на онаа за Хавана синдромот.

Не може да има болест со толку симптоми

Една од првите причини зошто приказната за Хавана синдромот „не држи“, освен фактот дека нема докази за какво било оружје, е и дека симптомите кои се набројуваат од „оружјето“ се многу на број. На пример, „главоболки, замор, губење на слухот и видот, сериозно и изнемоштено когнитивно оштетување, тинитус, мозочна магла, вртоглавица и губење на моторната контрола“.

Толку широк сет на симптоми веднаш фрла сомнеж за тоа дали постои една единствена причина за овие нешта.

– Синдромот на Хавана е реален и сериозен – и покрај тоа инсистираше директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, додавајќи дека постои „многу голема можност“ тоа да е резултат на намерни дејствија.

фото: твитер/принтскрин

Штурците го прават Хавана синдромот?

Но, на скептиците не им требаше долго време да излезат со други теории. Една од нив беше дека синдромот е предизвикан од силната бучава што ја создаваат штурците. Поддршка за оваа теорија подоцна дојде во извештајот нарачан од американскиот Стејт департмент, во кој се заклучи дека штурците се најверојатните виновници во 21 регистриран случај.

 

Психогена болест предизвикана од ноцебо-ефектот

Кон крајот на минатата година се појави друга теорија. Синдромот на Хавана беше „масовна психогена болест“, одлучија група американски научници. Според нив, синдромот е пример за „ноцебо ефектот“. Ноцебо е ефектот кога негативните мисли и стравови на еден човек прават тој да чувствува лоши последици и лоши нешта да се слулчат.

На пример, по инцидентот во Куба, на американските дипломати им беше кажано да внимаваат на „здравствени аномалии“, и како резултат тие почнаа да ги чувствуваат. Всушност, сето тоа веројатно беше во нивните глави.

Поврзани содржини